Во периодот од 26 до 30 октомври 2009 година, м-р Абдула Азари, заменик генерален секретар на Владата на Република Македонија, Синиша Цветаноски, помлад соработник во Одделението за реформа на јавната администрација, Љупка Гацева, помлад соработник во Одделението за соработка со невладини организациици, Мелек Алија Елези, помошник раководител на сектор за општи работи во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Зулејха Рамадани, самостоен референт и Ајсел Ахмед, самостоен референт остварија студиска посета на Министерството за јавна администрација на Република Словенија.