Транспарентност Транспарентноста на јавната администрација еден од принципите дефинирани во Стратегијата за реформа на јавната администрација. Принципите на отвореност и транспарентност имаат за цел да го заштитат јавниот интерес со тоа што ги намалуваат можностите за злоупотреба и корупција и да ја овозможат ефикасна заштита на поединечните права. Добро информирани граѓани, кои се свесни за своите права и подготвени истите да ги бранат, претставуваат силна поддршка на системот на општествен интегритет. Со цел подобрување на транспарентноста на администрацијата воспоставена е порталот http://www.uslugi.gov.mk кој овозможува online интеракција помеѓу граѓаните и Владата.- преку презентација на услугите ориентирани кон граѓаните и деловните субјекти и истовремено дава можност едноставен пристап до основните услуги на јавната администрација. Во поглед на транспарентното работење и јавната одговорност на администрацијата, воведен е иновативен и ефикасен инструмент за подобрување на јавните услуги и борба против бирократијата и корупцијата, "Граѓански дневник" http://www.uslugi.gov.mk/grdnevnik.aspx |






