- Прирачник за креирање политики
Целта на овој прирачник е да им помогне на државните службеници во министерствата и другите органи на државната управа да подготвуваат квалитетни предлози (материјали и акти) засновани на релевантни информации и анализи за разгледување и усвојување од страна на Владата на Република Македонија. Прирачникот е издаден од страна на Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија.
- Прирачник за стратешко планирање
Целта на овој прирачник е да им помогне на државните службеници во министерствата и другите органи на државната управа во подготвување на квалитетни стратешки планови. Квалитетот на стратешките планови, пред се треба да се согледа во релевантноста, остварливоста и обезбедувањето на ефективноста на дефинираните приоритети, цели, програми, мерки и активности, како и во соодеветно управување со финансиските ресурси кои треба да ги поддржат програмите и активностите. Прирачникот е издаден од страна на Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија
.