Одделението за реформа на јавната администрација во соработка со ОБСЕ - Мисија во Скопје иницираше проектот за јакнење на капацитетите на одделението. Проектот е финансиран од ОБСЕ – Мисија во Скопје. Со проектот кој е тек се предвидени три модули на обука на теми поврзани со јавната администрација.Во трите модули на обуки се вклучени и вработените во Одделението за соработка со Невладини организации, како дел од Секторот за анализа на политиките и координација.
На првиот модул на обуки се опфатени теми од областа на реформа на јавната администрација, презентирани од домашен експерт, Проф. Д-р Елена Андреевска.
На вториот модул на обуки се опфатени теми од компаративната анализа на реформата на јавната администрација на земјите од Европска Унија, презентирани од странски експерт г-дин Ентони Питер Литл.
На третиот модул на обука се опфатени теми од областа на функционални вештини на вработените во јавната администрација, презентирани од страна на домашен експерт г-ѓа Маргарита Иванова.
Со проектот е предвидена и студиска посета во Министерството за јавна управа на Р. Словенија, каде вработените во Одделението ќе ги споделат искуствата на администрацијата на Р. Словенија во процесот на евроинтеграција.
Проектот се заокружува со организирање на форуми на кои ќе се презентираат досегашните искуства во процесот на реформа на јавната администација во Република Македонија, слабостите и потребите од нови методологии во процесот на модернизација на јавната администрација во Република Македонија.