Форуми за потребите на реформа на јавната администрација во Република Македонија

На 25 ноември 2009 година, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа  во Тетово и  30 ноември 2009 година, во просториите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа форуми на тема “Потребите за реформа на јавната администрација во Република Македонија“.

Форумите беа организирани од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) – Набљудувачка мисија во Скопје во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите на Одделението за реформа на јавната администрација во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија“.

Целта на форумите беше да се запознаат студентите на Факултетите за јавна администрација со процесот на реформирање на јавната администрација во Македонија, перспективите за усогласување на јавната администрација со принципите на Европската Унија, улогата на јавната администрација во процесот на интегрирање во Европската Унија, улогата и надлежностите на Одделението за реформа на јавната администрација при Генералниот секретаријат, како и механизми на кординација на засегнатите страни во процесот на реформа на јавната администрација, Улогата и надлежностите на Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат, како и учеството на граѓанскиот сектор во овој процес,

На форумите учествуваа 110 студенти од Факултетот за јавна администација во Тетово и Факултетот за администација и менаџмент на информациски системи во Битола.

Првиот форум се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа  во Тетово.

Форумот го отвори г-дин Аќим Емурли, Национален офицер за добро владеење во ОБСЕ, кој ја истакна важноста на темата која отвора важни прашања во процесот на реформа на јавната администрација. Г-динот Емурли даде краток преглед на проектот кој ОБСЕ го имплементира со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и ги пренесе искуствата кои оваа организација ги има во полето на реформирање на јавната администрација во Република Македонија.

Проф.Д-р. Вели Кречи, Професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, зборуваше за реформите на јавната администрација во Македонија во насока на интегрирањето во Европската унија и за Европскиот административен систем. Едновремено г-динот Кречи даде препораки за градење на капацитетите на државните институции и вработените во истите.

Љупка Гацева, помлад соработник во Одделението за соработка со невладини организации во Генералниот секретаријат, зборуваше за улогата и надлежностите на Одделението, Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2007-2011), Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани, како и за активностите кои Одделението ќе ги реализира во 2010 година.

Проф. Д-р. Јонуз Абдулаи, Продекан на Факултетот за јавна администрација и Професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, даде критичен пристап на јавната администрација во Република Македонија и ја истакна важноста на транспарентноста, ефикасноста и одговорноста на јавната администрација во земјата.

Вториот форум се одржа на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола.

Целта на форумот беше да се запознаат студентите на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, со процесот на реформирање на јавната администрација во Македонија, улогата на јавната администрација во процесот на интегрирање во Европската Унија, улогата и надлежностите на Одделението за реформа на јаваната администрација при Генералниот секретаријат, како и механизми на кординација на засегнатите страни во процесот на реформа на јавната администрација.

Форумот го отвори г-дин Аќим Емурли, Национален офицер за добро владеење во ОБСЕ, кој ја истакна важноста на темата која отвора важни прашања во процесот на реформа на јавната администрација. Г-динот Емурли даде краток преглед на проектот кој ОБСЕ го имплементира со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и ги пренесе искуствата кои оваа организација ги има во полето на реформирање на јавната администрација во Република Македонија.

Г-ѓа Виолета Пановска - Бошковска, Професор на Факултетот за администација и менаџмент на информациски системи, која зборуваше на тема „Процесот на јавната администрација“, ги презентираше правната рамка со која е опфатена јавната администрација, кусиот историски преглед на процесот на јавната администрација како и нејзино видување на сегашната состојба со реформите на јавната администрација во Република Македонија.

Синиша Цветаноски, помлад соработник во Одделението за реформа на јавната администрација во Генералниот секретаријат, зборуваше за улогата и надлежностите на Одделението и стратешките определби на Одделението по однос на реформите на јавната администрација.

Г-дин Жидас Даскаловски, Професор на Факултетот за администација и менаџмент на информациски системи, кој зборуваше на тема „Улогата на јавната администрација во процесот на интегрирање во Европска Унија, “се осврна на потребата од зголемување на административнте капацитети на државата и нејзините институции, потребата од создавање администрација која ќе биде ориентирана кон граѓаните, како и искуствата со адмнистрацијата во Европската Унија

Доц. Д-р Јован Ананиев, Професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, зборуваше за механизмите на координација на засегнатите страни во процесот на реформи на јавната администрација, односно потребата од координација помеѓу државните институции, образовните институции и граѓанскиот сектор.

 

На крајот на двата форуми се остави простор за дискусија, кој студентите го искористија за размена на мислења и искуства со професорите од високообразовните институции. Беше изразена голема благодарност за иницијативата за оддржување на овие форуми, како можност за споделување на практични искуства со вработените во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.