Новости
Форуми за потребите на реформа на јавната администрација во Република Македонија
На 25 ноември 2009 година, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и 30 ноември 2009 година, во просториите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа форуми на тема “Потребите за реформа на јавната администрација во Република Македонија“. Форумите беа организирани од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) – Набљудувачка мисија во Скопје во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите на Одделението за реформа на јавната администрација во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија“.
Студиска посета на Министерство за јавна администрација на Република Словенија 26-30.10.2009
Во периодот од 26 до 30 октомври 2009 година, м-р Абдула Азари, заменик генерален секретар на Владата на Република Македонија, Синиша Цветаноски, помлад соработник во Одделението за реформа на јавната администрација, Љупка Гацева, помлад соработник во Одделението за соработка со невладини организациици, Мелек Алија Елези, помошник раководител на сектор за општи работи во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Зулејха Рамадани, самостоен референт и Ајсел Ахмед, самостоен референт остварија студиска посета на Министерството за јавна администрација на Република Словенија.
Проект „Јакнење на капацитетите на Одделението за реформа на јавната администрација“ во Владата на Република Македонија
Унапредување на порталот www.uslugi.gov.mk
Денес освен податоците за министерствата, преку овој портал се достапни информации и за: Агенцијата за развој и инвестиции, Агенцијата за млади и спорт, Агенцијата за иселеништво, Комисијата за односи со верски заедници и
Спроведенa обука за порталот www.uslugi.gov.mk
Во рамките на проектот „Процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија“, во организација на Одделението за реформа на јавната администрација и стручно лице од Nextsense, успешно беше спроведена обука за надградба, но и потврда на вештините и знаењето на одговорните лица за работа на порталот www.uslugi.gov.mk, со цел нивна целосна посветеност и ажурност во одговарањето на прашањата поставени од граѓаните и публикувањето на услугите.
Медиумска презентација на инструментот ,,Граѓански дневник“
Првата медиумска презентација беше направена во декември 2007 година во две последователни викенд изданија на дневните весници Дневник, Време, Шпиц и Коха.
Граѓански дневник
Како еден од чекорите насочени кон исполнување на трите основни принципи на своето работење: чесност, транспарентност и одговорност, Владата на Република Македонија, во јануари 2007 година го промовираше инструментот Граѓански дневник како иновативен и ефикасен инструмент за подобрување на јавните услуги и борба против бирократијата и корупцијата.
Спроведени обуки на тема “Анализа на состојбата во процесот на креирање јавни политики ”
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во соработка со Центарот за Истражување и креирање политики (ЦИКП), во месец декември 2008 година организираше и спроведе четири еднодневни обуки на тема “Анализа на состојбата во процесот на креирање јавни политики“, со цел презентација на новиот прирачник за “Креирање политики врз основа на анализа на состојбата“.
Спроведени циклус на обуки “Креирање политики и стратешко планирање”
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија согласно Планот за организирање и спроведување на генерички обуки за креирање политики и стратешко планирање во текот на 2008 година, организираше и спроведе 28 еднодневни обуки на тема “Креирање политики и стратешко планирање“, наменети за државни службеници во министерствата.
|







Одделението за реформа на јавната администрација во соработка со ОБСЕ - Мисија во Скопје иницираше проектот за јакнење на капацитетите на одделението. Проектот е финансиран од ОБСЕ – Мисија во Скопје. Со проектот кој е тек се предвидени три модули на обука на теми поврзани со јавната администрација.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија согласно Планот за организирање и спроведување на генерички обуки за креирање политики и стратешко планирање во текот на 2008 година, организираше и спроведе 28 еднодневни обуки на тема “Креирање политики и стратешко планирање“, наменети за државни службеници во министерствата.