Често поставувани прашања
Што е јавна администрација?
Поимот јавна администрација е различно дефиниран од земја во земја. Јавната администрација претставува поширок поим и воедно го опфаќа и поимот државна администрација како централно јадро на јавната администрација. Јавната администрација ја опфаќа администрацијата во дејностите од јавен интерес за државата.
Што е државна администрација?
Администрацијата во трите гранки на власт, законодавна, извршна и судска како и во другите државни органи преку кои се остваруваат функциите на државата се опфаќа со поимот државна администрација.
Која е разликата помеѓу јавната и државна администрација?
Главната разлика помеѓу јавната и државната администрација е поврзана со статусот на вработените во овие две категории.
Кое лице е државен службеник?
Државен службеник е лице кое врши стручни, нормативно - правни, извршни, управно - надзорни работи и решава управни работи во согласност со Уставот и со закон.
Кои се условите за да станам државен службеник?
За едно лице да стане државен службеник треба да ги исполнува следните критериуми:
Дали се оценуваат државните службеници?
Да, сите државни службеници со исклучок на секретарот, секоја година се оценуваат најдоцна до крајот на првото тримесечие на наредната година за изминатата година.
Како се казнува државниот службеник?
Државниот службеник може да се казни со употреба на следниве дисциплински мерки:
Како се класифицираат државните службеници?
Државните службеници во зависност од службените задачи што ги извршуваат се класифицираат во следниве групи и звања:
Што е граѓански дневник?
Иницијативата “Граѓански дневник“ е одговор на барањето за решавање на проблемите со кои се среќаваат граѓаните во секојдневната, интеракција со организациите или институциите кои обезбедуваат јавни услуги.
Со какви бенефиции се здобиваат граѓаните благодарение на веб порталот www.uslugi.gov.mk ?
Со Воспоставување на www.uslugi.gov.mk како единствена точка за пристап до информациите за услугите кои Владата на Република Македонија ги нуди на граѓаните и бизнисите се овозможи: |






